Американската телекомуникациска компанија AT&T го продаде својот адвертајзинг оддел Xandr на технолошкиот гигант Microsoft.
Сумата и условите на договорот не се објавени, а трансакцијата моментално е предмет на регулаторна ревизија.
AT&T го формираше Xandr во 2018 година како оддел за адвертајзинг и аналитика, со цел закуп и продажба на дигитален адвертајзинг простор.
Преку Xandr годишно биле генерирани околу 300 до 380 милиони долари. Меѓутоа, според експертите, одделот бил лошо менаџиран од страна на AT&T и поради тоа секоја година губел десетици милиони долари.
„Споделената визија на Microsoft за зајакнување на слободна и отворена мрежа и залагањето за отворена индустриска алтернатива преку глобален пазар за огласување претставува одлично место за вклопување на Xandr. Со нетрпение очекуваме да ја искористиме нашата иновативна платформа за да помогнеме да се засилат можностите на Microsoft за дигитално огласување и продажба на медиумски простор“ – посочи извршниот потпретседател и генерален менаџер на Xandr, Мајк Велш.
Се чини дека 2021 година и не беше најсјајна за телкомуникацискиот гигант AT&T, кој порано годинава го продаде и мас-медиумскиот конгломерат WarnerMedia на Discovery.