Шпанскиот моден бренд за машка облека Scalpers лансираше необична Божиќна кампања во која Исус Христос го слави како „најголемиот бунтовник во историјата“.
Централниот спот на кампањата е прилично едноставен, прикажувајќи „осовременета“ верзија на Исус Христос кој оди низ шума и зборува за своето „бунтовничко минато“.
Она што ја прави кампањата е необична е нејзината тематика, која за Божиќните празници не се осврнува врз датумот, декорацијата, традицијата и Дедо Мраз, туку се осврнува врз суштествената религиска тематика, давајќи еден нов поглед на ликот на богочовекот кој според верувањата е роден на тој датум.
Всушност, Scalpers ги повикува мажите да бидат повеќе како Исус – бунтовници со стил.
Покрај спотот, рекламата се состои и од онлајн, дигитални и out-of-home активности.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wunderman Thompson.