Културниот центар Müpa во Будимпешта, порано познат како „Палата на уметностите“, се состои од концертна сала, музеј и театар.
По повод Божиќните празници, а цел оддавање благодарност кон своите верни посетители, културниот центар Müpa ја лансираше кампањата „Најдобрите моменти се оние што ги поминуваме заедно“.
Централниот спот на кампањата прикажува една постара жена (актерката Мари Наги), еден „мистериозен“ сосед и едно љубезно девојче кои живеат во истата зграда. Но, покрај местото на живеење, овие инаку сосем различни луѓе ги обединува љубовта кон културата и музиката.
На крајот од краткиот филм, жената и девојчето ги гледаме во публиката на концерт по класична музика во Müpa, додека пак „мистериозниот сосед“ е еден од изведувачите на виолончело (всушност светски-познатиот виолончелист Истван Вардаи).
Кампањата е создадена in-house.