Кинеската технолошка компанија Vivo лансираше нова кампања за индискиот пазар во пресрет на Новогодишните празници, насловена „Исклучете ги поради вашите сакани“ (“Switch Off for your loved ones”).
Централниот спот на рекламата прикажува татко и син кои се возат на задното седиште во автомобил. Таткото постојано чепка на телефонот, на големо незадоволство на детето кое се чувстува запоставено.
Синот отпочнува разговор со зборовите „Тато? Мислам дека станав досаден“, продолжувајќи да образложува дека неговиот најдобар пријател повеќе не му прави муабет како претходно. Потребно е малку време, додека таткото конечно не му текне дека „најдобриот пријател“ е всушост тој, па сфаќа дека треба да го исклучи телефонот.
Кампањата е базирана врз истражување на Vivo и CyberMedia Research, според кое 74% од родителите сметаат дека нивното прекумерно користење на паметни телефони им наштетило на односот со нивните деца.
Со тоа, пораката на Vivo е јасна: „Исклучете ги телефоните и посветете им внимание на вашите блиски и сакани“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Lowe Lintas India.