Модната компанија Levi’s ја лансираше рекламата “Born Wild” („Родени диви“) со која го истакнува младешкиот дух на својот бренд.
Спотот е продуциран на начин кој треба да потсетува на видео-снимка од 1990-те години, за која е замиселно како некој би требало случајно да ја најде и да се инспирира од неа.
„Направена за новото Движење на нашата генерација – за интегралните и немирните, кои копнеат да бидат дел од нешто поголемо. И покрај последната година што ја имавме, нашите нескротливи духови нема да бидат пригушени – тие ќе продолжат да нè редефинираат. Ние не сме создадени за да бидеме затворени: ние сме создадени во дивината и родени да се движиме“ – се посочува во описот на кампањата.
Спотот е создадена со помош на креативната агенција Bread & Circus Films од Канада.