Кампањата за поддршка на жртвите на сексуално насилство ја доби наклонетоста и на стручната јавност
Кампањата на креативците на Direct Media, “Kad budeš bila spremna” („Кога ќе бидеш спремна“, посветена на жртвите на сексуалното насилство, освои дури четири признанија на овогодинешното натпреварување на Здружението за пазарни комуникации на Србија – UEPS.
Кампањата која прерасна во своевидно движење на поддршка освои прво место во категоријата „Креативна употреба на медиумите“, две сребрени награди во категориите „OOH кампања“ и „Онлајн маркетинг кампања“, како и бронзена награда во категоријата „Корпоративна општествена одговорност – профитен сектор“.
Овој проект на одделот за креатива на Direct Media и Alma Quattro како медиски партнер, на чело со Стефан Гајиќ, арт-директорот на Direct Media како идеен творец на кампањата, настанал спонтано, со желба да им се даде поддршка на жртвите на сексуалното насилство и да даде одговор на прашањето кое еден дел од јавноста им го поставува на жртвите: Зошто не кажале порано?
Во согласност со целта на проектот, креирана е порака која го илустрира времето и ја подигнува свеста за тоа колку е тоа важно за жртвите на сексуалното, но и другото насилство. За да се испише целата порака „Кога ќе бидеш спремна“, потребно е време. Слоганот се појави кога тој беше спремен, исто онака како што жртвата се изрази кога таа беше спремна.
„Горди сме на тоа што оваа кампања нанижува награди и ги добива симпатиите на стручната јавност и колегите од индустријата. Фактот дека освои дури четири признанија во различни категории доволно говори за комплексноста на проектот и потребата тој да комуницира со најшироката целна група во однос на една навистина осетлива тема. Драго ни е што оваа комуникација беше успешна и што нашата порака охрабри голем број жртви на сексуално насилство“ – изјави Стефан Гајиќ, арт-директор во DIRECT MEDIA United Solutions.
Во продолжение погледнете го видеото за кампањата „Кога ќе бидеш спремна“:
Целосната листа на добитници на UEPS наградите можете да ја погледнете на следниот линк.