Италијанската компанија за колекционерски предмети Panini неодамна го лансираше својот нов албум со сликички за англиската фудбалска Премиер Лига во 2022 година.
Со цел промоција на албумот, брендот лансираше телевизиска реклама во која гледаме дете кое се нервира поради тоа што му фали сликичка од младата ѕвезда на Вест Хем Јунајтед, Деклан Рајс. Потоа, од никаде се појавува самиот Рајс, кој по повеќе молби на детето му дава сликичка од себе.
Рекламиот спот завршува со нарација од јутјуберот и инфлуенсер SV2, кој посочува дека новиот албум и сликички се веќе во продажба.
Рекламата се надоврзува на поголемата бренд платформа на Panini која го носи соодветното име “#GotGotNeed” („Имам, имам, ми треба“).
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Dark Horses и продукциската куќа Kode Media.