Мексиканскиот пивски бренд Corona го претстави своето ново безалкохолно пиво со витамин Д – прво од својот вид во светот!
Пивото ќе го носи името “Corona Sunbrew 0.0%“, а идејата позади него доаѓа од топлите сончеви денови на плажа кои се главен мотив во бренд-идентитетот на Corona, а истовремено и најзначаен природен извор на витамин Д за нашето тело.
Со цел промоција на пивото беше лансирана и рекламна кампања под наслов “Sunshine, Anytime” („Сончево време, во секое време“), создадена со помош на агенцијата David Miami, која нуди визуелно бегство кон релаксираните летни денови на плажа.
Новото пиво на Corona ќе биде најпрвин лансирано во Канада, потоа во Европа, Јужна Америка и Азија подоцна во годината.