Британското регулаторно тело за финансии Financial Conduct Authority подготвува судски случај против технолошката компанија Meta, сопственичка на платформите Фејсбук и Инстаграм, поради злоупотреби во собирањето и користењето на кориснички податоци.
Според најавениот случај, компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот за собирање и користење на личните податоци на 44 милиони британски корисници во периодот од 2015 до 2019 година.
Притоа, компанијата е обвинета дека заработила милијарди фунти со наметнување на нефер услови спрема корисниците, барајќи од нив да ги предадат своите лични податоци.
Со тоа, Мета се соочува со казна која може да достигне и 2.3 милијарди фунти, односно 3.2 милијарди долари.
Од компанијата, пак, тврдат дека луѓето ги користеле нивните услуги затоа што им обезбедувале соодветна вредност за вложените пари, додавајќи дека имаат значителна контрола врз информациите што се споделуваат на нејзините социјални платформи и со кого се споделуваат.