Најплатените 10 „јутјубери“ во светот минатата година заедно заработиле околу 300 милиони долари, пренесува бизнис-магазинот Форбс.
Креаторот на содржини Џими Доналдсон, познат на YouTube како Mr. Beast, стана најплатениот „јутјубер“ во светот, со заработка од 54 милиони долари во текот на минатата година.
Колку за споредба, дваесет и тригодишниот американец заработил повеќе пари од фудбалската ѕвезда Лионел Меси и кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс, кои заработиле по околу 40 милиони долари.
Доналдсон се стекна со популарност на YouTube со изведувањето на внимателно и професионално подготвени егзебиции и акробации, како и рекреирање на сцени од хит-серијата “Squid Game”. Неговите видеа собрале над 10 милијарди прегледи.
На второто место на најплатени „јутјубери“ се најде Џејк Пол, со заработени 45 милиони долари.
Десетгодишниот Каџи, кој беше најплатен „јутјубер“ претходните две години, падна на седмата позиција, заработувајќи со своите видео-рецензии на играчки „само“ 27 милиони долари.