Онлајн платформата за вмрежување LinkedIn лансираше нова промотивна кампања насловена “Welcome, Professionals.” („Добредојдовте, професионалци“).
Кампањата доаѓа после година на масивен раст за платформата, во општествен контекст наметнат од „новото нормално“, во кој се редифинираше значењето на поимот „професионалец“.
Централниот спот на кампањата претставува колаж од неколку приказни на различни луѓе кои на гледачите им ја раскажуваат својата професионална приказна – од луѓе кои членуваат во борд на директори, преку луѓе кои работаат од дома, па сé до луѓе кои работеле и се подготвени да работаат сé.
„Професионалецот нема облик, нема граници“ и „Постои работа и постои она што работи т.е. фунционира за тебе“ – се дел од пораките кои се испраќаат во спотот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција McCann.