Секоја година, агенции од над 30 држави од светот земаат учество на меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square – еден од најголемите фестивали на креативноста во Европа. White Square се одржува со помош на Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA) – најголемата индустриска асоцијација во Европа, а активно е поддржан од страна на мас-медиумите од сферата на адвертајзингот и маркетингот.
White Square ги поканува претставниците на креативните индустрии, вклучувајќи го адвертајзингот, маркетингот, дизајнот и другите комуникациски насоки, да ги пријават своите најдобри креативни остварувања имплементирани во 2021-2022, во категоријата CREATIVE.
Оваа категорија, пак, се состои од 7 други поткатегории: film, print, radio & audio, outdoor, branded content & entertainment, integrated и creative use of media.
Основните критериуми кои ќе бидат земениво предвид при жирирањето се креативната идеја и нејзината изведба. Повеќе информации на следниот Entry Kit.
Жирито на White Square 2022 ќе го претставуваат креативци и уметнички директори, врвни менаџери на водечките меѓународни агенции во врвот на креативните рангирања на своите пазари – лица со светска препознатливост во адвертајзингот, од над 30 држави, со бројни освоени награди на престижни фестивали и богато искуство во жирирањето на најмаркантните креативни фестивали ширум светот.
Покрај категоријата CREATIVE, натпреварувачката програма на White Square ги вклучува и категориите:
BRANDING, со поткатегориите: communication design, packaging design, digital & interactive design;
MARKETING EFFECTIVENESS;
MARKETING SERVICES, со поткатегориите: brand experience & activation, PR, direct, campaigns: sectors, innovations;
MEDIA, со поткатегориите: channels, excellence in media, media campaign;
DIGITAL, со поткатегориите: digital, mobile, social & influencer, creative data;
CRAFT, со поткатегориите: film craft, print & outdoor craft, excellence in radio & audio;
MASS MEDIA CONTEST, со поткатегориите: communication, digital & mobile, reach, integrated campaigns, change for good. brands, change for good. non-profit.
Наградените и победнички кампањи на White Square 2022 ќе се најдат во повеќе од 50 публикации во индустриските мас-медиуми. Фестивалот White Square е исто така вклучен во индустриски рангирања кои нудат дополнителна можност за промоција на агенциите-победнички.
Пријавувањето се остварува онлајн. Попустот за котизацијата за учество ќе биде достапен до 28 февруари 2022.