Корпоративниот гигант Amazon и американската непрофитна организација Ad Council лансираа нова заедничка кампања по повод Денот на вљубените, во која се обидуваат да ја редефинираат љубовта.
Кампањата насловена „Alexa, што е љубовта?“ го замислува ова прашање насочено кон гласовниот асистент на Amazon познат како Alexa, при што различните одговори ги даваат различни луѓе со различно потекло и идентитети.
Целта на кампањата е да ги поттикне луѓето да прифатат поинклузивна дефинија за љубовта, односно „да ја слави разноликоста и да ја промовира инклузивноста по однос на раса, религија, род, сексуалност, способност и возраст“.
Кампањата претставува надоградување на платформата „Љубовта нема етикети“, лансирана од Ad Council во 2015 година.