Американскиот ланец на стоковни куќи со членство Sam’s Club (во сопственост на Walmart), ја лансираше својата прва кампања за Super Bowl со која ја промовира својата “Scan & Go” мобилна апликација.
Апликацијата им овозможува на потрошувачите да ги скенираат производите кои ги купуваат и со тоа да ја прескокнат линијата на чекање за излез од продавницата.
За да ја промовираат оваа опција која на нивните членови им нуди ВИП-третман, брендот го ангажираше познатиот холивудски актер и комичар Кевин Харт.
Во рекламата гледаме како Харт е воодушевен од апликацијата, сметајќи дека таа е направена само за него како ВИП. Притоа, тој гласно им се фали на другите потрошувачи, не сфаќајќи дека всушност сите тие ја имаат истата можност.
Пораката е јасна – во Sam’s Club сите се ВИП!
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција VMLY&R, додека пак режисер е самиот Кевин Харт.