Иако СМС-пораките се еден од најкористените начини за електронска комуникација, тие воопшто не се безбедни за споделување лични информации – така барем велат од WhatsApp во својата нова кампања “Doubt Delivered” („Доставен сомнеж“).
Со цел подобро да ја илустрираат оаа поента, од WhatsApp се решија да ги споредат СМС-пораките со отворена пошта – замислете да добивате писма, документи и сметки во отворен плик.
Решението, според WhatsApp, се тие самите. Или, пак, поточно – нивниот сервис кој ги енкриптира испратените текстуални пораки, правејќи ги побезбедни.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBDO San Francisco.