Гигантот за онлајн трговија Amazon е веројатно најголемиот огласувач во историјата, откако во својот годишен извештај за 2021 соопшти дека за огласување потрошил дури 16.9 милијарди долари.
Откако компанијата за прв пат во 17 години беше принудена да скрати 100 милиони долари од својот буџет за огласување во 2020 година, еднаков на 10.9 милијарди долари, во 2021 тој буџет порасна за неверојатни 6 милијарди долари.
Се чини дека развојот на пандемијата беше клучен фактор во зголемувањето на општите приходи на компанијата, од 280.5 милијарди долари во 2019, на 386 милијарди долари во 2020, до 470 милијарди долари во 2021 година.
Во споредба со Amazon, следните најголеми огласувачи во светот – Procter & Gamble, Unilever и Alphabet, имаат огласувачки буџет од „само“ околу 8 милијарди долари.
„Ги насочуваме потрошувачите кон нашите продавници примарно преку бројни маркетинг канали, како спонзорирани пребарување, огласување на социјалните и онлајн медиуми, потрошувачки реферали од трети страни, телевизиско огласување и други иницијативи“ – стои во извештајот на Amazon.
За реализирање на својот огласувачи буџет, Amazon ги користи улугите на повеќе креативни агенции, вклучувајќи ги Droga5, Joint и Lucky Generals. Медискиот закуп го врши специјализираната агенција Rufus, дел од Initiative на Interpublic Group. Притоа, Amazon исто така има и голем внатрешен маркетинг оддел.