“Доколку МЕТА не добие можност за трансферирање, зачувување и процесирање на податоците од своите Европски корисници на серверите во САД, тогаш Фејсбук и Инстаграм би можеле да ги угасниме во Европа” – предупредува сопственикот на гигантот Мета во годишниот извештај.
Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со така наречениот „Штит за приватност“ (Privacy Shield). Тековните договори за пренос на податоци се предмет на строги контроли во ЕУ.
Во својот годишен извештај до американската Комисија за хартии од вредност, Мета предупредува дека доколку не се усвои нова рамка и на компанијата не и се дозволува да користи тековни модели на договори „или алтернативи“, компанијата „најверојатно“ веќе нема да може да нуди многу од неговите „најважни производи и услуги“, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм во земјите-членки на Европска Унија.