Популарниот бренд на чипс Pringles доби нова бренд платформа и нов слоган после 26 години – “Mind Popping”.
Се работи за фраза која означува „збор, мисла, слика или звук кој доаѓа на ум одеднаш и неконтролирано, вообичаено поврзано со некое скорешно искуство“.
Новиот слоган ќе го замени досегашниот “Once You Pop, You Can’t Stop”, кој беше прв пат воведен од страна на брендот во 1996 година.
Со цел да ги навикне потрошувачите на својот нов слоган, Pringles објавија забавен краток спот кој ја реинтерпретира теоријата за еволуцијата. Според спотот, уште на самиот почеток, универзумот бил оформен како Pringles чипс, а потоа луѓето еволуирале со една причина – да јадат Pringles.
Имено, прстите настанале со цел луѓето да можат да го отворан пакувањето Pringles, јазикот добил таква форма за совршено да се поклопува со формата на чипсот, а јазичните нерви – за да се ужува во нивниот вкус.
На крајот дури се појавува и анимирана мермерна биста на Чарлс Дарвин, кој „целосно ја поддржува оваа теорија“.
Новата бренд платформа и кампања на Pringles се „готвеле“ две години, а се реализирале со помош на креативната агенција Grey London, ПР-агенцијата Red Havas, медиската агенција Carat и продукциската компанија Friend.