Теленор Србија најави дека од март годинава ќе продолжи да работи под името Yettel. Промената на брендот се одвива во три земји во кои PPF групата го користи брендот Теленор – во Србија, Унгарија и Бугарија.
Direct Media и во 2022 продолжува со соработката со Теленор Србија која од 1-ви март ќе стане Yettel.
“Пред компанијата Теленор е ново поглавје кое започна со промената на брендот и многу ни е драго што тимот на Теленор донесе одлука агенцијата Direct Media и понатаму да биде подршка во сите комуникациски процеси. За нас ова претставува потврда на нашиот кредибилитет и експертиза. Се радуваме за соработката на новите кампањи!”- изјави Марија Матиќ, Matić, Strategy & Clients Director во DIRECT MEDIA United Solutions.
Во моментов се случува транзиција кон новиот бренд која ќе заврши на крајот од март, при што не е потребна никаква активност на корисниците. Официјалното претставување на новиот Yettel бренд ќе се случи на 1-ви март 2022.