Американскиот бренд на апетисани Planters објави хумористична реклама во пресрет на одигрувањето на Super Bowl, во која се исмева со вжештените културни дебати околу индивидуални, субјективни мислења.
Во спотот ги гледаме актерите Кен Џонг и Џоел МекХејл, од серијата Community, кои седат во некој бар и дебатираат за тоа како треба да се јадат мешаните апетисани – дали еден по еден, или пак повеќе заедно?
Двајцата не можат да дојдат до заеднички одговор, па Џонг се одлучува да го праша интернетот што мисли за тоа. Набрзо, целиот бар и всушност целото општество се вклучува во вжештената дебата.
На крајот, МекХејл се запрашува: „Кој би знаел дека Америка ќе се подели поради релативно мала разлика во мислење?!“.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција VaynerMedia.