Новата реклама на сервисот за достава Uber Eats („Убер Јаде“) се покажа како една од најуспешните и највпечатливи реклами емитувани за време на овогодишниот NFL Super Bowl, предизвикувајќи го вниманието на популарната и стручната јавност.
Рекламата ги потсетува гледачите дека Uber Eats го прошири својот асортиман на достава, па повеќе не доставува само храна, туку и други производи – алиминиумска фолија, миризливи свеќи, пелени, дезинфициенси итн.
Па така, во спотот гледаме серија на познати личности, како Џенифер Кулиџ, Гвинет Палтроу, Николас Браун и Тревор Ноа, кои се збунети што може и што не може да се јаде од доставените производи на Uber Eats.
„Како може да се вика Убер Јаде, а да не може да се јаде?“ – е суштинското прашање што си го поставуваат ѕвездите, додека се обидуваат да јадат пелени и миризливи свеќи.
Кампањата е создадена со помош на агенциите Special US и Special Australia, а ќе биде продолжена со дополнителни спотови во периодот што следи.