Американскиот актер, автор и поранешен модел од италијанско потекло, Стенли Тучи го објаснува италијанскиот дух во новата кампања на минералната вода San Pellegrino.
Тучи ги води гледачите на патување во италијанското гратче Сан Пелегрино Терме кај Бергамо, претставувајќи ги прекрасните пејсажи и духот на италијанската култура базирана врз заедништво, пријателство и страст.
Всушност, според Тучи и рекламата, овие вредности се перфектно одразени во брендот и производот на San Pellegrino. Дури и за самата вода која се наоѓа во секое шише San Pellegrino потребни се 30 години природна филтрирација во внатрешност на околните планини.
Може да се рече дека кампањата истовремено го слави брендот San Pellegrino, но и врши туристичка промоција на гратчето Сан Пелегрино Терме.