Агенциската мрежа FCB, дел од групацијата на Interpublic, соопшти дека актуелниот глобален генерален извршен директор Картер Мареј ќе си замине од агенцијата во март. За негов наследник е избран Тајлер Тарнбул, досегашен генерален извршен директор на FCB за регионот на Северна Америка.
Дополнително, актуелната генерална креативна директорка Сузан Кридл ќе биде унапредена на позицијата глобална претседателка, проширувајќи ја нејзината улога во надзор на сите аспекти од работењето на агенциската мрежа.
Тарнбул и Кридл за своето работење ќе одговараат директно пред генералниот извршен директор на Interpublic Group, Филип Краковски.
„Заедно, Сузан и Тајлер ќе ѝ помогнат на FCB и нејзините клиенти да растат и напредуваат во една дигитална економија. Му се заблагодаруваме на Картер за неговото лидерство, страст и визија во обликувањето на FCB во динамичната понудија која ја има денес, како и изградбата на лидерски тим кој може беспрекорно да ја движи таа култура и моментум напред“ – посочи Филип Краковски во соопштението по повод промените во FCB.
Минатата година, FCB ја освои наградата за „Агенциска мрежа на годината“ на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions.