Медиската агенциска групација Havas Media Group го унапреди Грег Џејмс на позицијата глобален генерален директор за трансформации.
Џејмс е ветеран во агенцијата, поминувајќи 15 години од својата кариера во Havas Media. Неговата претходна функција била глобален директор за статегија.
Неговата нова задача како директор за трансформации ќе биде со фокус кон зајакнување и унапредување на искуството на клиентите. Џејмс ќе треба да смисли како агенциската мрежа од 9,000 вработени може да биде поагилна и полесна за навигирање.
„Мојата улога треба да го рефлектира фактот дека промената е постојана и дека мораме постојано да се ре-евалуираме и ре-структуираме врз основа на потребите на клиентите. Ние можеме да ја продаваме трансформацијата, но истовремено треба и да поминувма низ неа самите“ – истакнува Грег Џејмс, по повод неговото унапредување.