Компанијата за процесирање храна Heinz, најпозната по својот кечап, лансираше нова кампања за британскиот пазар во која на потрошувачите и на својот основач Хенри Хајнц им се извинува што чекале 150 години за да ги создаде своите први сосови за тестенини.
Меѓутоа, сега компанијата тврди дека ги има најдобрите сосови за тестенини „кои некогаш сте ги пробале“, ветувајќи им на потрошувачите дека чекањето вредеше, „бидејќи ништо толку налудничаво добро, дошло толку налудничаво доцна“.
Кампањата првично беше лансирана со принт реклама на цела страница во британскиот дневен весник The Guardian, а потоа продолжи со дигитални реклами, активности на социјалните мрежи, како и out-of-home реклами, вклучувајчи големи билборди на кои пишува: „150 години подоцна. 7 начини за извинување“, прикажувајќи ги седумте сосови од кои е составена новата серија на производи. Кампањата исто така вклучува и телевизиска реклама од 30 секунди, како и 20-секундни видеа кои се фокусираат на производите.
Кампањата се реализира со креативната агенција Wunderman Thompson Spain, која во процесот беше вклучена уште од самиот почетокот – од осмислувањето на производите, нивниот дизајн, па сé до стратегијата и кампањата за лансирање.
Во реализацијата на кампањата исто така помогнаа и Kiwi Visuals (OOH реклами), Gimmewings Studio (анимации), Oxígeno Productions (продукција на видеа) и Carat UK (медиски закуп).