Новиот Кодекс, низ подрачјето на интерактивно деловно комуницирање, стави акцент и на подрачјето на заштита на околината и означување на производот
(РЕГИОН) – Хрватското здружение за деловно комуницирање (HURA),донесе нова верзија на Кодексот за огласување и деловно комуницирање, со цел негово усогласување со промените во практиката на деловната комуникација. Клучните промени кои новиот Кодекс ги донесува, се однесуваат првенствено на дигиталното деловно комуницирање и на подрачјето на заштита на околината. Кодексот за огласување на HURA служи како збир на норми и препораки на стручњаците кои учествуваат во деловното комуницирање ,а со прифаќањето на Кодексот HURA на своите членови и другите деловни субјекти им препорачува примена на неговите општи правила и регулирање на праксата и минималните стандарди.
Новиот кодекс со кој се ревидира и надополнува кодексот за огласување на HURA кој во Хрватска е во употреба од 2010., за прв пат во сегментот на дигиталното деловно комуницирање повикува на одговорност кога е во прашање целното следење на однесувањето на интернет корисниците при праќањето на огласи. Новитетите во подрачјето на дигиталното комуницирање, се имплементирани и на тема идентификација на огласувачите, несакани пораки, огласувањето и децата и нивна забрана.
Втората промена во ревидираниот Кодекс, се однесува на правилата за влијанието на околината во прилагоденото поглавје Е, кое се занимава со прашањата на влијанието на околината и означување на производите/амбалажите и тоа во сегменти- научни истражувања,вистинитост на тврдењето, животниот век на производот, ознаките и симболите.
„Самрегулациските кодекси постојано се развиваат и се усогласуваат со општествените, технолошките и економските промени. Оваа ревизија на Кодексот на HURA особено со примерот на дигиталната комуникација, покажа дека се обидува да оди во чекор со промените на пазарот. Иако брзите промени и развојот на дигиталните интерактивни медиуми го прави поставувањето на подетални насоки непрактично и неприкладно, поставувањето на стандарди и во оваа област е показател за прифаќање на општествена одговорност на професијата “, изјави Камило Антоливиќ, член на Судот на честа на HURA.
При изготвувањето на Кодексот, HURA ги искористи насоките на Консолидираниот кодекс на ICC (Меѓународната стопанска комора), приспособувајќи го на локалните потреби и на хрватското огласувачко и практично деловно комуницирање.
Кодексот за огласуваење и деловно комуницирање, е достапен на следниов линк: http://hura.hr/publikacije/kodeks-oglasavanja-hura-e/