Поради интересните содржини, релевантните говорници и настаните за вмрежување при летниот амбиент комбиниран со спектакуларен поглед на Јадранското Море, NEM Dubrovnik набрзо стана еден од омилените европски ТВ пазари. Популарно наречен „ТВ маркет со поглед“, NEM Dubrovnik 2022 ќе се одржи од 6 до 9 јуни 2022 во хотелот Dubrovnik Palace.
Првите главни говорници и компании кои го потврдија своето присуство во јуни се:
- Главен говорник: Кристина Сулебак, генерална менаџерка на HBO Max EMEA
- Ханс Троелстра, генерален изврешн директор на M7 Group
- Збигнев Пруски, комерцијален директор, брендирани услуги, BBC Studios
- Касија Мадера, презентерка, BBC World News
- Малнај Левенте, извршен потпретседател/управен директор, AMC Networks International Central & Northern Europe
- Гај Бисон, директор за истражување, Ampere Analysis
- Марија Руа Агенте, извршна директорка, Technology Fellow, Omdia
Листата на говорници на веб-сајтот на NEM Dubrovnik 2022 ќе биде ажурирана во согласност со новите и претстоечки потврди за присуство.
HBO Max ќе сподели визија за стримување во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка
WarnerMedia неодамна соопшти дека проширувањето на HBO Max продолжува на 8 март кога ќе биде лансирана во повеќе европски држави. Европскиот директор ќе дојде на NEM Dubrovnik ова лето за да ја објасни стратегијата на стриминг-платформата и како планира да го предводи развојот во постојните и идните пазари.
„Јас сум возбудена што ќе зборувам на NEM. Со проширувањето на HBO Max во 27 европски земји оваа година, вклучувајчи ги државите на Централна и Источна Европа, NEM претставува совршениот момент за сплотување“ – изјави Кристина Сулебак, генералната менаџерка на HBO Max за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, која ќе се приклучи на NEM 2022 како главен говорник.
Клучна панел сесија за ТВ индустријата која постојано се менува
Ова ќе биде прв пат како Ханс Троелстра, генерален извршен директор на M7 Group, ќе го посети NEM Dubrovnik и ќе се приклучи на една од клучните панел сесии кои ќе ги соберат некои од клучните носачи на одлуки кои ќе зборуваат за тоа што е потребно во навигирањето низ турбулентната и постојано променлива ТВ индустрија.
„Јас со нетрпение го очекувам учеството во панел дискусијата и да споделам нешто повеќе за тоа како го предвидувавме брзо-менливото однесување и побарувачка на гледачите низ текот на времето. Се надевам дека NEM ќе биде одлична можност за запознавање со операторите од регионот и за истражување на нови можности за партнерство во креирањето содржини“ – истакнува Ханс Троелстра.
Оваа клучна панел дискусија ќе биде модерирана од страна на Касија Мадера, презентерка во BBC World News. „Јас сум воодушевена што ќе модерирам клучна панел сесија на NEM Dubrovnik подоцна годинава. Од витално значење за индустријата е експертите од регионот да се поврзуваат и да соработуваат со цел да ги обезбедат од предизвиците на иднината оние производи и услуги што во годините ќе следуваат“.
За време на трите денови на предавања, панели, проекции, сесии на прашања и одговори и други помали настани за вмрежување, NEM Dubrovnik ќе биде „местото да се биде“ за клучните играчи во ТВ индустријата, желни да слушнат за новите трендови. За сите присутни да се чувствуваат безбедно, настанот ќе се организира во согласност со најновите епидемиолошки мерки.
Настани за вмрежување на Beta Film и ZDF Enterprises
Beta Film повторно ќе биде значаен партнер на NEM Dubrovnik, а Beta Night ќе се одржи втората вечер на прекрасната плажа Vala. ZDF Enterprises ќе ги презентираат нивните најнови содржини после здравица за добредојде на првата вечер, а сите детали ќе бидат дадени за време на сесија на прашања и одговори.
Технологијата стана интегрален дел од медиската индустрија и еден дел од програмата на NEM повторно ќе биде посветен на неа. TV TechShowcase ќе биде простор за технолошките компании да ги претстават своите иновативни проекти и решенија пред потенцијалните партнери.