Како реакција на кризата во Украина, социјалните мрежи Фејсбук и Твитер воведоа нови алатки и објавија насоки за тоа како корисниците во државата можат да ги заштитат своите дигитални идентитети и објави на двете мрежи.
Одлуката доаѓа по предупредување кое Обединетите Нации го добиле од САД за потенцијална реакција на руските сили кон одредени украински граѓани за содржини кои тие ги објавиле онлајн.
На Фејсбук, корисниците ќе можат да ги „заклучат“ своите профили со само едно копче, оневозможувајќи им на други профили кои не им се пријатели да симнуваат или споделуваат информации за профилот, слики или постови.
Матичната компанија Мета исто така објави дека поставила „специјален оперативен центар“ со тим кој ќе биде исклучиво посветен да ги следи случувањата во Украина.
„Тој ќе биде составен од експерти (вклучувајќи говорници на матичниот јазик) со цел да може одблиску да ја следиме ситуацијата и да реагираме колку што е можно побрзо“, истакна директорот за безбедносна политика на Мета, Натанаил Глејчер.
Твитер објави насоки за тоа како корисниците најдобро може да ги постават своите профили за да издржат хакерски напади, да ги обезбедат нивните твитови дека ќе остана приватни, или пак целосно да ги деактивираат своите профили додека трае ситуацијата.