Социјалната мрежа ТикТок објави дека на глобално ниво го зголемува лимитот за дозволено времетраење на видеата кои се споделуваат на платформата, и тоа на 10 минути.
Иницијално, платформата дозволуваше видеа во времетраење до една минута, но потоа минатиот јули го продолжи тоа ограничување до 3 минути, а сега се одлучи за уште поголем „скок“.
Од компанијата очекуваат дека со продолжувањето на времетраењето на видеата ќе добијат уше поголем ангажман од креаторите на содржини, ќе ги задржуваат корисниците уште подолго на платформата и секако, ќе добиваат уште поголеми приходи од реклами.
Конкурентот на ТикТок, пак, Инстаграм во сопственост на Мета, се одлучи да ја укине самостојната апликација IGTV специјално наменета за видеа и сите видео содржини од таму да ги интегрира како дел од главната Инстаграм платформа.
Исто така, Инстаграм најавува планови за монтизација на своите кратки видеа Reels, со што ќе се обиде да се доближи до моделот на ТикТок.