Пред неколку денови, видео-платформата YouTube воведе забрана на можноста за монетизација на руските државни медиуми.
Сега, платформата отиде уште еден чекор понатаму, со тоа што целосно го забрани пристапот од Европа кон каналите на руските државни медиуми, вклучувајќи ги Russia Today и Sputnik.
Потегот доаѓа по соопштението на Европската Комисија дека сака овие руски државни медиуми да бидат отстранети од Европската Унија и Обединетото Кралство.
„Ќе потрае некое време додека нашите системи бидат целостно подесени. Нашите тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата постојано со цел да преземат брз акција“ – посочија од YouTube.
Ограничувањата и санкциите доаѓаат како реакција на руската воена инвазија врз Украина.