Брендот за брза храна Burger King лансираше нова принт-кампања за промоција на своите вегетаријански алтернативи, но замислена како „провокација“ за љубителите на месо.
Кампањата е едноставно насловена „Месо?“ и претставува серија од постери и билборди кои прикажуваат црвени зеленчуци како црвена пиперка, цвекло и редичио (слично на црвена зелка), но фотографирани толку одблизу што изгледаат како црвено месо.
Најдолу на рекламите стои логото на Burger King надополнето со текстот „Whopper на растителна база“, под кој, пак, стои слоганот на кампањата – „Извинете за збунката, љубители на месо“.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција David Madrid.