По повод Меѓународниот ден на жената, автопроизводителот Honda објави нова реклама која ги охрабрува младите жени да продолжат со кариера во STEAM-областите (science, technology, engineering, arts, mathematics т.е. наука, технологија, инженерство, уметност и математика).
Рекламата, насловена „Идни жени во STEAM“, ја прикажува Мелани Моримото, постар техничар во американската фабрика на Honda, со повеќе од три децении професионално искуство во автомобилската индустрија.
Снимен во нејзиниот работен простор, спотот ја следи Моримото додека ја изработува внатрешноста на автомобилско седиште. Паралелно, го слушаме нејзиниот глас додека чита и одговара на низа прашања што ѝ ги поставиле млади девојки, сите вклучени во образовната програма на непрофитната фондација PAST.
„Жените честопати биле помалку истакнати од нивните машки колеги во STEAM-ндустријата, и како резултат на тоа, младите девојки не гледаат доволно женски примери кон кои можат да се стремат да бидат. Преку новата кампања, Honda сака да помогне во поддршката на овие страсни млади жени да ги остварат своите соништа за работа и успех во STEAM-областите“ – се вели во соопштението на Honda.