Огласувачката агенциска мрежа Ogilvy соопшти дека пронашле замена за Бен Ричардс, долгогодишниот глобален директор за стратегија кој после 11 години ја напушти агенцијата минатиот јуни.
Изборот е Мик МекКејб, искусен лидер во адвертајзинг индустријата, кој претходно поминал шест години како директор во Publicis, четири години како директор во Leo Burnett, а пред тоа работел и во други агенции како Deutsch и Kirshenbaum Bond.
МекКејб ќе биде одговорен за деловната стратегија на сите оддели на Oglivy – адвертајзинг, ПР, корисничко искуство, здравство и развој и иновации, ширум 131 канцеларии во 92 држави низ светот.
„Воодушевени сме што глобален талент со искуството на Мик се приклучува на нашиот тим. Мик е мислител и докажан лидер кој покажува како сакаме Ogilvy да успее – преку спојувањето на стратегија, креативност и технологија да создадеме влијание и раст за нас и нашите клиенти. Тој ќе биде важен партнер додека продолжуваме да ја забрзуваме сопствената деловна трансформација на Ogilvy“ – посочува Енди Мејн, глобалниот извршен директор на Ogilvy.