Британскиот луксузен моден бренд Alexander McQueen објави необична реклама за промоција на својата популарна чантичка со четири сребрени прстени и кристален череп, позната како “The Jewelled Satchel”.
Се работи за филм-ноар од пет и пол минути во кои главна ѕвезда е британската музичарка Лусија Ферфул, инаку чест соработник на брендот. Во краткиот филм ја гледаме Лусија на различни локации низ својот матичен град Глазгов, вклучувајќи ја и иконичната концертна сала The Barrowland Ballroom, каде има проба со нејзиниот бенд – Lucia and the Best Boys.
Филмскиот спот е создаден со помош на продукциското студио PRETTYBIRD.