Агенциската мрежа McCann Worldgroup го унапреди Фернандо Фасиоли во нов претседател за Европа и Обединетото Кралство, покрај претседавањето со агенцијата во Латинска Америка.
Фасиоли ќе го наследи Марк Лунд, кој минатата недела соопшти дека ќе се повлече во мај. Лунд беше назнашен за европски претседател на McCann во 2020 година, после шест години на функцијата генерален извршен директор.
Фернандо Фасиоли ја извршуваше функцијата претседател на McCann за регионот на Латинска Америка и Карибите од 2014 година, но сега ќе се пресели во Лондон и ќе ја преземе одговорноста за операциите на McCann на повеќе од 45 пазари во Европа. Меѓутоа, тој ќе продолжи да соработува и со латиноамериканскиот тим, преку дополнителната позиција на „претседавач“.
Фасоли ја започнал својата кариера во 1994 година во McCann Уругвај, по што следувала богата кариера од 28 години на разни локации низ Јужна Америка. Под негово водство, McCann беше прогласена за „Агенциска мрежа на годината“ на латиноамериканските Effie Awards.
„Фернандо носи многу години на успешно лидерство во нашата глобална мрежа при неговата проширена улога, и ние сме воодушевени што унапредуваме човек од нашите редови за ваква важна регионална лидерска позиција“ – истакнува Бил Колб, глобалниот претседател и генерален извршен директор на McCann Worldgroup.