Брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi ја ангажираше ТикТок-ѕвездата Хаби Лејм за својата прва рекламна кампања за промоција на новиот пијалак Nitro Pepsi, насловена “A Smoother Way to Soda”.
Лејм претставува еден од најбрзо растечките креатори на ТикТок, со повеќе од 135 милиони следбеници ширум светот. Тој стана познат по своите хумористични неми реакции и гестови кон објави на другите корисници.
Во својата прва ТикТок објава за Nitro Pepsi, Кхаби Лејм го објаснува консумирањето на новиот пијалак во три едноставни чекори, проследени со она по што е препознатлив – забавна експресивна реакција.
Како дел од кампањата за Nitro Pepsi, Хаби Лејм исто така ќе се појави на билборди во Лос Анџелес, Њујорк и Лас Вегас, како и на принт реклами во публикации како The New York Times, The New Yorker, Variety и The Hollywood Reporter. Рекламите биле снимани од страна на фотографот Дејвид ЛаШапел.
@khaby.lame #pubblicità Smooth 101 ft. #nitropepsi 🥤 Duet to show me your #nitropepsi pour #learnfromkhaby #learnontiktok #ad @Pepsi ♬ suono originale – Khabane lame