Дигиталната платформа за учење јазици Duolingo лансираше нова кампања по повод Светскиот ден на тетоважите на 21 март, во која се осврнува врз лошо-преведените тетоважи на туѓи јазици.
Имено, како што се посочува во кампањата, многу луѓе кои сакаат да добијат тетоважа на јазик кој самите не го познаваат, на крајот може да останат со натпис кој воопшто не значи она што тие сакале да значи. На пример, во централниот спот на кампањата се посочуваат примери како „тоалетен демон“ наместо „храброст“ на јапонски, или пак „јас сум за беспари“, наместо „јас сум слободен“.
Како дел до кампањата, Duolingo ги повикува луѓето да испратат фотографија од своја „симнителна“ тетоважа, да добијат верификација на нејзиното значење и доколку се покаже дека тоа не е она што луѓето го очекувале – да добијат нејзино бесплатно покривање или пак претплата кон Duolingo.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BETC Paris.