Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI) неодамна го објави својот нов извештај за состојбата на музичката индустрија во 2021 година.
Според прикажаните бројки, приходите на глобалната музичка индустрија во 2021 година пораснале за 18.5%, достигнувајќи вкупна вредност од 25.9 милијарди долари.
Интересно е што повеќе од половина од овие приходи се постигнати благодарение на онлајн стриминг-сервисите како Spotify, Apple Music, YouTube и други.
Платениот стриминг на музичката индустрија ѝ донел 12.3 милијарди долари, добиени од 523 милиони корисници на глобално ниво. Бесплатниот стриминг на музика т.е. оној поддржан со реклами, на индустријата ѝ донел 4.6 милијарди долари, доведувајќи ја вкупната бројка на приходи од стриминг-сервисите на 16.9 милијарди долари.
За споредба, продажбата на музика во физички формати, вклучувајќи компакт-дискови и винилски плочи, на индустријата вкупно ѝ донеле околу 5 милијарди долари.
Најстримуваните артисти во светот во 2021 година биле: BTS, Taylor Swift, Adele, Drake, Ed Sheeran, The Weeknd, Billie Eilish, Justin Bieber, Seventeen и Olivia Rodrigo.
Најстримуваните 10 музички синглови во 2021 биле:
- The Weeknd – “Save Your Tears” (2.15 милијарди преслушувања)
- The Kid Lario, Justin Bieber – “Stay” (2.07 милијарди преслушувања)
- Dua Lipa – “Levitating” (1.88 милијарди преслушувања)
- BTS – “Butter” (1.76 милијарди преслушувања)
- Olivia Rodrigo – “Drivers License” (1.73 милијарди преслушувања)
- Justin Bieber (ft. Daniel Caesar and Giveon) – “Peaches” (1.72 милијарди преслушувања)
- The Weeknd – “Blinding Lights” (1.61 милијарди преслушувања)
- Olivia Rodrigo – “Good 4 U” (1.61 милијарди преслушувања)
- Lil Nas X – “Montero” (1.6 милијарди преслушувања)
- Ed Sheeran – “Bad Habits” (1.57 милијарди преслушувања)