Пред неколку дена на Маркетинг365 ја објавивме информацијата за воспоставената соработката меѓу Swatch и Omega која колуминираше со лансирањето на колекција од 11 модели на Swatch именувани по 11 вселенски тела од нашиот сончев систем.
Првичните количини на новата заедничка серија на часовници на Swatch и Omega направи вистински бум низ целиот свет, незапамтлив во историјата на часовничарството и на повеќето локации се распродадоа за само еден ден.
А, на сивиот пазар новата серија достигнува вртоглави цени од 5000 до 8000 долари. Ова немаше да биде ништо чудно, ако редовната цена на часовниците не е 250 долари.
Добра вест: Часовниците не се лимитирани и ќе бидат достапни и на Балканот. Преднарачките се веќе возможни во застапникот на Swatch и Omega за Македонија “Божиновски часовници и накит” (ЛИНК). Од Божиновски ветуваат дека Македонија оваа неповторлива серија ќе ја добие прва од балканските земји.
Погледнете ги видеата.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram