Автор: Предраг Николовски од AdValue
Одврзете ги буџетите, полетуваме!
Да, го прочитавте тоа добро!
Дојде моментот кога конечно мораме да гледаме на позитивните работи кои ни следат оваа година. Оваа 2022 г., „нападот е најдобра одбрана“, затоа на заканата од рецесијата и непредвидливоста, мора да се одговори со конкретна и ефикасна акција, кога зборуваме, секако, за бизнисот и маркетинг активностите!
Ајде заедно да ги поминеме важните точки кои ќе бидат значајни за маркетингот како широка категорија оваа година, па заедно да донесеме заклучок зошто еден бизнис мора да го активира својот маркетинг буџет, а следствено на тоа агенциите „под полн гас“ да испорачаат.
Познато правило е дека секој бизнис мора да инвестира во својата промоција или маркетинг активностите, кога работи во нормални времиња, но помалку познато е дека кога има опасност од криза, бизнисот „мора“ да инвестира, бидејќи во високо ризични времиња се гледаат хероите, а со ова мислам на хероите кои ќе добијат подобра реализација на секој инвестиран цент и потенцијалниот минус ќе го претворат во плус. Пандемијата донесе две години во кои потрошувачите и компаниите беа резервирани и претпазливи во трошењето, но годинава ни следи период во кој трошењето ќе биде зголемено во споредба со минатите две години. Со инвестиција во маркетинг активностите оваа 2022 г. секој инвестиран цент ќе донесе поголема вредност на контата: реализирани продажби, бренд имиџ и нешто што често се подзаборава, задоволството на постоечките вработени и привлекување нови.
Апсолвиравме дека оваа година мора да се инвестира во маркетингот, или да искористам маркетиншки термини за компарација, „го дефиниравме таргетот“, сега да видиме како најдобро ќе искомуницираме со него, т.е. ќе го „ингејџнеме“ со цел да им ги „извадиме парите“ на кампањите. :)
Во овој пост ковид период на прво место останува дигитал-от, но она што сега е важно е дека тој мора да биде направен како што треба, или да практикуваме ‘Doing Digital Right’. Како што треба, значи прецизно таргетирање и планирање, брусење на специјалните групи на публики, верување и оптимизирање на „пикселот“ (доколку го немате инсталирано, сте требале уште вчера), и секако, работење со професионалци. Последното е можеби најважно, она што не го сакате за вашиот бизнис е лоша инвестиција во „digital“ бидејќи помина времето на стихијно притискање на копчето „boost“ под секоја објава на вашиот помлад роднина кој „се разбира од компјутери“.
Доколку веќе сте понапред со материјалот, кога станува збор за „digital“, ова е годината кога можеби треба да ја разгледате опцијата да овозможите трансакции со некоја крипто-валута или да издадете свое NFT. (совет: не се обидувајте да објасните што е NFT на следниот фамилијарен ручек)
Доколку вашиот бизнис има потреба од соработка со инфлуенсери, оваа година треба да размислите како таа соработка да трае подолг период. Краткотрајните активации со „пост-два“ се нешто што сакате да го избегнете додека ангажманот на подолг рок ги намалува трошоците, ја подобрува мерливоста, а со тоа овозможува подобра ефикасност.
Инвестирајте во видео содржини за успешно да го јавате бранот на „Meta“ алгоритмите. Потврдено е дека видеосодржината на социјалните мрежи добива поголема гледаност и подобри перформанси при спонзорирање. Креирајте формати „mobile-friendly“ на видеото за подобар ефект преку сите платформи и апликации.
Бидејќи годинава „паднаа маските“, вашиот следен важен настан мора да биде во живо, на кој ќе присуствуваат претставници на медиумите, кои во изминатиот период успешно ги избегнуваа „он-лајн“ конференциите. Сепак, опцијата за пренесување на настанот во живо на вашиот канал, секогаш нека биде дел од „чек-листата“.
Со инвестиција во вашиот бренд инвестирате во вашата работа, иднина, идеја и причина за постоење. Слично како што инвестицијата во програма за вежбање е инвестиција во вашето здравје, како што штедната книшка е инвестиција во вашата посигурна финансиска иднина, така маркетингот е инвестиција во развојот на вашиот бизнис, а годинава секој цент носи двојно. ✌️