Компанијата за мерење на телевизиска гледаност Nielsen соопшти дека прифатила понуда за купување од страна на инвестициска група на компании од приватен капитал, предводена од Evergreen Coast Capital Corporation – подружница на инвестициската компанија Elliott Management.
Вредноста на Nielsen била одредена на 16 милијарди долари, односно околу 28 долари по акција, вклучувајќи го и нивниот долг.
Досега, со акциите на Nielsen можеше јавно да се тргува на Њујоршката берза. Но, тоа ќе се смени по преземањето од страна на инвестициската групација, станувајќи дел од нејзиниот приватен капитал.
Инвестициската групација предводена од Evergreen Coast Capital Corporation веќе подолго време се обидувала да ги купи Nielsen. Претходно, Nielsen одбиле нивна понуда вредна 9 милијарди долари, верувајќи дека сумата е премногу мала.
Трансакцијата сé уште треба да биде одобрена од страна на акционерите на Nielsen, но и од американските регулатори. Се верува дека договорот ќе биде комплетиран во втората половина на 2022 година.