Кампањата “Biti nečiji supeheroj. Neprocenjivo” („Да се биде нечиј суперхерој. Непроценливо“) создадена од агенцијата McCann Beograd за Mastercard и добротворната организација NURDOR и имплементирана со поддршка на агенцијата Chapter 4, ја освои наградата Disrupt во категоријата Disrupt Innovation.
Платформата „Суперхерој“ има за цел да ја унапреди културата на донирање и да овозможи одржлив начин на собирање средства за иницијативите и активностите на добротворната организација NURDOR, пред сé за изградба на Родителскиот дом за сместување и закрепнување на деца болни од рак. Со цел дополнително да се доближи важноста за помагање на другите, на различни целни групи, особено на младите, важен дел од платформата е колекцијата улична мода “Superhero”, специјално создадена за оваа намена и произведена во Србија, која ќе биде достапна само во рамки на платформата Superhero.rs.
„На овој проект соработувавме со прекрасни луѓе кои со својата работа се борат за децата болни од рак. Ни претставува голема чест што ја добивме оваа Disrupt награда, иако оваа година конкуренцијата беше силна, што дополнително ја потврдува тезата дека имаме креативни луѓе во агенциите кои работат на кампањи за некоја повисока цел како оваа. Лично ми е драго што жирито награди еден ваков хуман проект“ – изјави Јана Савиќ Растовац, креативен директор на McCann Белград.
DISRUPT AWARDS и оваа година собраа рекорден број врвни кампањи од компании и агенции кои особено се истакнаа во категориите Disrupt Innovation или Disrupt Communication, а во текот на 2021 година успеале со своите активности да го привлечат вниманието на јавноста.