Во новата реклама на пивото Corona за американскиот пазар, бренд-амбасадорот и познат рапер Снуп Дог се обидува да ужива на плажа во друштво на комичарот Енди Самберг.
Но, додека Снуп се обидува да ужива во прекрасниот поглед и прекрасното пиво, живеејќи го убавиот живот, Самберг постојано нешто чепка на телефонот.
Разбирливо, тоа му здодева на Снуп Дог, кој накратко бара да го добие телефонот. Кога Самберг му го дава, Снуп едноставно го става во кофа со мраз, а за возврат на комичарот му подава пиво. Кога е време за уживање, треба да се ужива.
Рекламата е дел од бренд-платформата “La Vida Más Fina”, односно „Најубавиот живот“. Кампањата се реализира со помош на креативната агенција MullenLowe од Лос Анџелес.