Пред нецел месец на М365 пишувавме за канадската маркетинг агенција John St. која во склоп на својата пародија кампања за новите трендови кои се појавуваат во адвертајзингот во денешно време креираше интересно видео со наслов „ Reacvertising “ каде прикажува тренд кој “ќе го нуди“ како дел од стратегијата на своите клиенти. Се насмевме што се насмевме но после тоа вреди да размислиме за тој ист тренд кој изгледа дека во блиска иднина може да биде неизбежен дел од маркетинг стратегијата на повеќето брендови :)
Станува збор за Reacvertising концептот, во кој се истакнува важноста на брендовите да имаат поголема активност на друштвените мрежи за време на различни општествени настани следени од различни целни публики, одговор на различни трендови во индустријата со твитање на атрактивни хаштагови итн.
Активноста на брендовите на друштвените мрежи преку нивниот официјален профил со коментар на Фејсбук, твит на Твитер под одреден хаштаг за време на вакви настани, како на пример спортски натпревари кои се следат од голем аудиториум може да придонесат за огромен brand awareness кој не би можел да се креира со ниедна real-time маркетинг стратегија. Иако оваа стратегија на прв поглед изгледа како случајна и природна, за да биде остварена бара специјален тим, кој будно ќе ги следи настаните на друштвените мрежи и ќе биде поготвен да одговори веднаш. Најчесто тимот е составен од копирајтери, дизајнери и лица за комуникација на социјалните медиуми.
Овој тренд се покажа како успешен низ повеќе примери, а еден од нив е кога минатата година брендот за колачиња Oreo, за време на Супер Бол финалето на кое снема електрична енергија објави твит со текст „No Power?No problem“ на кој беше прикачена дијаметрално осветлена фотографија на која беше прикажано колаче од брендот Oreo и текст на фотографијата „Сеуште може да забиете во мракот“.
Со интересен хумор, проследен со твит на својот официјален профил овој бренд за колачи „го освои интернетот“ и самата публиката која го следеше натпреварот, а веднаш по неговото споделување беше проследен со десетици илјади ре-твитови.
Проблемот кој овој тренд може да го наметне на брендовите е дека со нивната зголемена виртуелна сеприсутност на најразлични настани може да ги „оддалечи“ самите брендови од нивната примарна цел да креираат своја уникатна содржина, за нивната примарна цел на пазарот. Во самото видео е исто така нагласено дека со следење на овој тренд освен што ќе се задржи вниманието на публиката, може да се креира „пластична“ илузија дека брендот е интересен. Меѓутоа двонасочната комуникација како нова димензија на комуникација помеѓу брендовите и потрошувачот која се креираше со развојот на друштвените мрежи овој тренд го наметнувакако сосема природен кој во иднина би требало да биде дел од нивните маркетинг стратегии.
Што мислите Вие ?