Во обид да ги поттикне децата повеќе да играат надвор и притоа да ги валкаат своите алишта, брендот на прашок за перење Persil ја лансираше новата кампања “Tag the Game” („Играта криенка“).
Се работи за спот кој детската игра „криенка“ ја претставува како трејлер за некоја нова видео-игра, користејќи го визуелниот тродимензионален стил на современите видео-игри.
Спотот потоа беше емитуван со помош на шест избрани „гејмерски“ инфлуенсери, остварувајќи вкупен досег до околу 10.2 милиони прегледи на различни видео-платформи, како што е Twitch.
Идејата на кампањата е да ги „намами“ и „возбуди“ младите гејмери за новата видео-игра, откривајќи им на крајот дека, сепак, таа е ексклузивно достапна само во реалниот свет.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција LOLA MullenLowe од Мадрид.