McDonald’s во Холандија отпочна специјална акција за оние луѓе кои едноставно го забораваат ручекот во рерна.
Имено, брендот за брза храна ќе подарува “McDelivery Detectors”, односно „Детектори за достава’, кои работат на сличен принцип како детекторите за чад, но испраќаат помош во форма на готова храна.
Уредот ќе детектира кога храната заборавена во рерна загорила, по што на домаќините ќе им испрати порака дали сакаат да нарачаат храна од McDonald’s.
Брендот ќе подари само ограничен број на вакви детектори, а за да добијат еден – потрошувачите ќе мора да ги испратат своите најлоши случаи на загорена храна преку мобилната апликација на McDonald’s.
Уредот ќе доаѓа заедно со вистински детектор за чад, со цел избегнување на несакани последици од пожар во домот.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција TBWA\NEBOKO.