Американскиот пивски бред Miller Genuine Draft лансираше нова глобална кампања насловена “It’s Our Time” („Ова е наше време“), создадена со помош на хрватската креативна агенција BBDO Zagreb.
Кампањата ги слави оние млади луѓе кои се здружуваат за да го редефинираат нивниот начин на дружење и забава. Исто како што Miller Genuine Draft се филтрира четири пати за да се фокусира на вистинскиот, свеж вкус, тие го филтрираат досадното секојдневие за да се фокусираат на она што е навистина важно и да создадат вистински, свежи времиња.
Мотивирани од таквата желба, тие ја напуштаат својата секојдневна рутина и со себе земаат се што можат – парчиња мебел, украси, звучници и други неопходни работи за забава, како и шишиња Miller Genuine Draft – за да придонесат кон оваа оригинална, вистинска забава на импровизирана локација. Тие се чувствуваат еден со друг, го чувствуваат моментот, вибрациите, додека уживаат во својот омилен пијалак.
„Кампања е смислена да го долови расположението на нашите потрошувачи. Тие сакаат да се дружат според нивните услови, ослободени од ограничувањата наметнати од Ковид и оние наметнати според општествена конвенција. Сакаат самите да дефинираат како тие ќе се забавуваат и сакаат тоа да биде креативно, оригинално, незаборавно и без претензии. Ова го нарекуваме свежо дружење и е баш исто како Miller, кое е уникатно приготвувано за да биде најсвежото флаширано пиво“ – посочува Пол Корнел, глобален бренд директор на Miller.