Автор: Милан Савов, директор и основач на SmartClick – Web & SEO Agency
Во времето на глобалната дигитализација во која што живееме денес, повеќе од јасна е важноста да се биде присутен онлајн, особено кога станува збор за водење на бизнис. Скоро секој бизнис во светот има своја онлајн адреса – преку својата веб страница ги носи добрата и услугите многу поблиску до целниот купувач. Без разлика на која индустрија и да припаѓате, веќе постојат голем број на веб страници на вашите конкуренти со кои треба да се натпреварувате за да ги привлечете купувачите.
Што треба да направите за вашата веб страница да биде успешна на Google?
Одговорот е: Да имате одлично изградена и функционална веб-страница и да ја оптимизирате за да станете видливи на Google за вашите идеални купувачи. Ако не сте сигурни дека ова е правилниот начин, запрашајте се дали вашите потенцијални купувачи знаат за вас кога пребаруваат добра и услуги како вашите на Google?
Дали сте знаеле дека над 2.14 милијарди луѓе на светско ниво купувале добра и услуги преку Интернет во 2021? Во 2016та ова бројка била 1.66 милијарди. Трендот е високорастечки и онлајн бизнисите полека, но сигурно го заземаат врвот кога станува збор за најдобар начин да се заработува од бизнис.
Во нашата земја, онлајн бизнисите се исто така во подем, што особено ја става во фокус успешноста на една бизнис веб страница и нејзината способност да ги привлече купувачите. Без доброизградена веб страница и силна стратегија за оптимизација, вашиот бизнис нема да просперира онлајн. Ако сте решени да ја подобрите и оптимизизрате вашата веб страница и да се борите против вашите онлајн конкуренти тогаш очекувајте нови достигнувања и успеси во доменот на вашиот бизнис. Добитната комбинација е веб страница изработена во WordPress и јасна SEO стратегија. Ајде да видиме зошто.
WordPress e платформа за изработка на веб страници и уредување на содржина што ја користат 43% од сите веб страници на светот. Но, она што ја прави оваа платформа уште попопуларна и користена е фактот што овозможува олеснителен процес на оптимизација на веб страницата благодарение на нејзината функционалност, алатки и плагини кои постојат баш со таа цел – да бидат водич при оптимизирањето за Google.
Така, во WordPress лесно ќе ги создадете страните, ќе ја оптимизирате нивната содржина според правилата на Google и ќе изградите одлично корисничко искуство за посетителите. Сето ова ќе ви го отвори патот кон подобро рангирање на вашата веб страница на Google страницата со резултати, што е и главна цел на поставување на силна SEO стратегија.
Што е SEO (Search Engine Optimization)?
Search Engine Optimization или оптимизација на веб страница за пребарувачите е процес на подобрување на видливоста на веб страницата во органските резултати, односно природни резултати кои се појавуваат кога корисниците пребаруваат со зборови или фрази на Google барајќи услуги, производи или било какви други информации. Овие органски резултати не се поврзани со платени реклами. Тоа е еден од главните начини да добиете посети на вашата веб страница бидејќи се оценети од Google како најверодостојни.
Имено, резултатот кој се наоѓа на првата позиција на Google резултатите добива 39,6% од кликовите. Резултатот на втората позиција добива 18,4% од кликовите, додека третиот резултат добива 10,1% од кликовите.
Тоа значи дека од особена важност е да бидете меѓу првите три резултати бидејќи тие бизниси ги привлекуваат потенцијалните купувачи. Резултатите на првата страница оддаваат чувство на веродостојност што ги тера потенцијалните купувачи да им веруваат на тие бизниси.
Затоа ви е потребна SEO стратегија која ќе ви помогне да стигнете до првата страница, а со тоа да добиете и повеќе посетители, продажби, клиенти, приходи итн. во зависност од вашиот од бизнис и вашата дејност.
Како да ја оптимизирате вашата WordPress веб страница?
Иако WordPress е направен да оптимизацијата на веб страниците за пребарувачите е веќе во фокусот, сепак постојат и одлични SEO плагини кои дополнително го олеснуваат процесот на оптимизација.
- Чекор 1: Инсталирајте Yoast SEO
- Во Plugin секцијата во WordPress клинете Add New, па во полето за пребарување напишете Yoast SEO
- Инсталирајте го плагинот па кликнете на Activate.
Со Yoast SEO ќе можете да напишете подобра содржина и ќе добиете анализа на текстот што сте го напишале врз основа на употребените клучни зборови, ќе можете да ги промените описите кои излегуваат под насловите на резултатите на Google, да го оптимизирате URL на страната што ја создавате, автоматски да генерирате XML мапи на страницата, итн.
- Чекор 2: Оптимизирајте ги URL-адресите
Следен чекор е да се оптимизираат URL-адресите за да бидат читливи и лесни за разбирање, како за Google така и за посетителите на веб страницата. Ако тие не биле оптимизирани уште при градењето на веб страницата, сега е вистинскиот момент да се поправат.
Во WordPress менито од лево кликнете на Settings, па на Permalinks. Најдобра опција од понудените е Post name или Custom Structure (каде вие можете сами да ја направете според потребите на SEO стратегијата).
Посетителите и пребарувачите лесно ќе разберат која содржина е вклучена во URL-адресата, доколку е едноставна за читање и содржи клучни зборови кои јасно укажуваат на темата за која се пишува.
Пример кој јасно покажува каква содржина ќе читаме: https://smartclick.agency/an-all-inclusive-ecommerce-seo-guide/
За да ги оптимизирате поединечните URLs на страниците можете да го искористите Yoast SEO на дното од страната која ја работите и директно да го промените текстот на URL-то.
Исто така, треба да се осигурате дека вашето URL е читливо и не содржи знаци кои се непотребни. На пример, треба да се направи замена на празни места со црти измеѓу.
Пример:
Наместо https://www.example.com/this_is_a_bad_example3476msnhd
→ треба да биде https://www.example.com/this-is-a-good-example
Кога оптимизирате URL за пребарувачите, не заборавајте да го вклучите и главниот клучен збор, на тој начин Google ботовите уште при првата средба со URL-то на страницата ќе знаат што има на неа.
- Чекор 3: Оптимизирајте ги насловите на страниците
Освен URL-адресите, треба да се оптимизираат и насловите на страниците – Title Tags. Google ги покажува само првите 50-60 знаци од насловот, па така треба стратешки да ги напишете овие наслови: да бидат јасни показатели за тоа што има на страната, да бидат привлечни и интересни за читање и да го содржат фокус клучниот збор – најважен за страницата. Додавањето на името на вашиот бренд особено во насловите на страниците кои носат до вашите услуги е исто така добра пракса за зголемувањето на свесноста за вашиот бренд.
За да го промените насловот на страната, повторно користете го Yoast SEO плагинот и директно напишете оптимизиран наслов во следното поле:
Како што забележувате од сликата, веднаш под насловот се наоѓа и поле за Мета-опис. Ова е описот што се појавува веднаш под насловот како веб страница резултат на Google страницата за резултати.
Овој опис исто така треба да се оптимизира со фокус клучниот збор како и со други поврзани клучни зборови или фрази. Исто така треба да биде напишан со околу 155 знаци за Google да може целосно да го прикаже. Луѓето што пребаруваат ги читаат насловите и описите на резултатите и врз основа на тоа кој од нив нуди одговор или дел од одговорот на нивните прашања – тие ќе кликнат на тој резултат.
Ако сумираме, заклучокот што би го извлекле е дека интересните и добро-оптимизираните наслови и описи го зголемуваат CTR (click-through-rate) на вашата веб страница што придонесува за значително зголемување на бројот на посетители кон вашиот онлајн бизнис.
- Чекор 4: Користете код за структурирани податоци (Structured Data / Schema Markup)
Каков е тој код? Погледнете ги примерите:
Со помош на кодот за структурирани податоци, освен насловот и описот на страницата вие можете да покажете многу повеќе во резултатот што ќе се појави на Google. Можете да ги прикажете производите, оценката за производот, дополнителни информации за услугата/производот/бизнисот итн.
За да проверите дали вашата страница веќе има таков код, тестирајте ја овде.
Ако немате, Yoast SEO ќе ви биде од корист. Во WordPress панелот за администратори кликнете Search Appearance. Внесете го името на вашата компанија и прикачете го логото. Штом ги зачувате промените, Yoast SEO ќе се погрижи за поставките.
Во зависност од тоа каков тип на код за структурирани податоци сакате да додадете, можете да го искористите плагинот free Schema plugin кој автоматски ќе го додаде потребниот код.
- Чекор 5: Создадете содржина која ќе даде одговор на прашањата на вашите купувачи
SEO стратегијата нема да биде успешна доколку содржината низ целата веб-страница не е квалитетна. Што значи тоа? Квалитетна содржина е содржина која дава одговор на прашањата на потенцијалните купувачи, дава решенија за нивните проблеми поврзани со услугите или производите што сакаат да ги купат, и е добро оптимизирана со клучни зборови важни за бизнисот.
WordPress е неверојатно функционален кога станува збор за уредување на содржината што сакате да ја објавите. Со неговите плагини како и индикатори, лесно може да се движите низ процесот на оптимизација. Ќе разберете како Google ботовите би го разбрале тоа што сакате да го објавите. Исто така имате можност да ги оптимизирате и другите визуелни материјали како слики и видеа директно на платформата.
Internal Linking Стратегија
Во продолжение на овој чекор е и добро поврзување на страниците од веб страницата меѓу себе. Тоа се вика internal linking стратегија и е особено важна за SEО стратегијата во 2022 година. Градење стратешка мрежа од линкови ќе им даде до знаење на пребарувачите за каков тип содржина вашата страница е авторитативна и релевантна и според тоа ќе бидете оценети.
Како резултат на тоа што ботовите на пребарувачите ќе го пронајдат и оценат, вие ќе добиете соодветна позиција на страницата со резултати. Внатрешните линкови може да се креираат лесно и природно со поврзување на новата страница (односно новата содржина) со веќе постоечки страници (други релевантни содржини кои веќе ги имате објавено).
Тоа во WordPress е овозможено со неколку кликови при пишувањето на содржина. Имено, кога сакате да додадете врска до друга страна на веб страницата едноставно ја означувате фразата врз која сакате да биде поставена врската и кликнувате на знакот за врска во лебдечкото мени над делот кој го уредувате. Во делот “Search or type URL” го внесувате URL-то на страната што сакате оваа врска да води кон неа, и активирате “Open in new tab” за да може да се отвори нов прозорец кога посетителот ќе кликне врз врската.
- Чекор 6: Поврзете ја веб страницата во Google Search Console и Google Analytics
Како последен чекор од основната листа на оптимизации за вашата веб страница да има можност да се бори за позиција на првата страница на Google резултатите, е да си овозможите пристап кон бесплатните алатки на Google за следење на состојбата на веб страницата: Google Search Console и Google Analytics. Зошто?
Со Google Search Console можете:
- да потврдите дека вашата страница може да ја најде Googlе
- да ги прегледате податоците од пребарувањето, вклучително и колку често вашата страница се појавува при пребарувањето, какви пребарување водат до вашата веб-страница, колку често луѓето ја посетуваат вашата страница по пребарувањето и многу повеќе
- можете да видите кои други веб-страници имаат врски до вашата
- да добиете известување кога има проблем
- да проверите колку луѓе ја посетуваат вашата веб-страница од компјутерни уреди, а колку од мобилни уреди.
Податоците што Google Analytics ги собира за време на анализата на веб-страниците содржат информации за корисниците како што се:
- Како стигнале до вашата веб-страница (врска од друга веб-страница, директна посета со внесување веб-адреса)
- Од која локација (земја, град) го имаат направено пребарувањето
- Каков уред користеле за да го направат пребарувaњето (според најновите истражувања 63% од сите Google пребарувања биле направени од мобилните уреди, што укажува на фактот дека веб страницата мора да биде одлично оптимизирана за добро да се прикаже на мобилните уреди)
- Каков софтер користат (оперативен систем, пребарувач)
- Како се однесуваат на страницата (колку долго се задржале на одредена страница, кои други страници ги провериле).
Доколку овие информации се анализираат и интерпретираат правилно, можат да ви помогнат да ја подобрите вашата SEO стратегија и подобро да ја прилагодите веб страницата според потребите на купувачите. Важно е да се знае дека аналитиката од овие алатки најдобро се следи од SEO специјалисти обучени да ги користат.
Заклучок
За да имате онлајн успех на вашата веб страница, мора да имате добро осмислена SEO стратегија. Уште поголеми се шансите да рангирате високо ако веб страницата е направена во WordPress, бидејќи самата функционалност и можност за оптимизација на платформата секогаш ќе ве носи во правилна насока.
Бизнис веб-страниците се успешни само ако Google оцени дека го нудат тоа што на купувачите им треба. За да го убедите Google дека вашата бизнис веб страница е токму тоа што на купувачите им треба, веднаш треба да почнете со оптимизација.
Ако сакате да се запознаете повеќе со оваа проблематика и како оптимизацијата на вашата WordPress страница најдобро ќе ви отвори пат кон онлајн успех на вашиот бизнис, слободно контактирајте ме и ќе ги дискутираме вашите специфични придобивки и што тие ќе значат за вашиот бизнис. Тимот на SmartClick има богато искуство и сеопфатно портфолио со успешни проекти во оваа област во оваа област и доколку сакате да го постигнете целосно потенцијалот на вашиот онлајн бизнис, можете да закажете разговор за консултација.