Алгоритмот на социјалната платформа Инстаграм ќе почне да ги рангира објавените содржини врз основа на нивната оригиналност, најави директорот на компанијата, Адам Мосери.
„Ако креирате нешто од нула, тогаш треба да добиете поголемо вреднување отколку ако само повторно споделувате нешто што сте го нашле од некој друг. Ќе направиме повеќе за да се обидеме повеќе да ги цениме оригиналните содржини, особено во споредба со повторно објавените содржини“ – посочи Мосери.
Со новите измени, алгоритмот на Инстаграм ќе им дава приоритет на свежите и нови содржина што креаторите се трудат сами да ги создаваат, како фотографија и уметност. Од друга страна, пак, корисниците ќе гледаат помалку објави од „мим-профили“ кои се потпираат исклучиво на оригиналноста на други.
Мосери сепак очекува ненамерни отстапувања и грешки, напоменувајќи дека алгоритмот веројатно нема да може да ја предвиди оригиналноста на содржините со 100% прецизност.
„Ако профилот е агрегатор на содржини, тогаш е поголема веројатноста да откриеме дека не се работи за оригиналност. Но, ако некој се преправа дека тој е оригиналниот творец на содржините, што е помалку веројатно, но може да се случи, ќе биде тешко за нас да знаеме“ – објасни Мосери.
Според одредени мислења, овие измени на алгоритмот на Инстаграм се начинот на кој платформата ќе се бори против ре-објавувањето на кратки видеа од конкурентната платформа ТикТок, а наместо нив ќе ги приоретизира видеата оригинално објавени како Reels на Инстаграм.
📣 New Features 📣
We’ve added new ways to tag and improved ranking:
– Product Tags
– Enhanced Tags
– Ranking for originalityCreators are so important to the future of Instagram, and we want to make sure that they are successful and get all the credit they deserve. pic.twitter.com/PP7Qa10oJr
— Adam Mosseri (@mosseri) April 20, 2022