По минатогодишната успешна кампања „Обратно селфи“, козметичкиот бренд Dove, во сопственост на Unilever, лансираше нова кампања против токсичните совети за убавина што многу тинејџери ги среќаваат на социјалните мрежи.
Кампањата насловена “Toxic Influence” („Токсично влијание“) претставува неколку парови на мајки и ќерка кои се вклучуваат во дискусија во врска со советите за убавина кои се распространети на платформите како што е Инстаграм.
Централниот спот на кампањата започнува така што една од мајките донекаде наивно изјавува: „Во однос на градењето на нејзината самодоверба, тоа може да ѝ помогне да ја изгради својата самодоверба“ во однос на она што нејзиното чедо го гледа на интернет, по што нејзината ќерка коментира дека повеќето од луѓето што ги следи имале позитивно влијание врз неа.
Но, како што продолжува филмот, продуцентите ги замолуваат младите жени да почнат да „скролаат“ по нивните телефони и на екранот се појавува пораката „повеќето родители потценуваат колку може да бидат штетни токсичните совети за убавина на социјалните мрежи“.
Продолжувајќи со „помрачен“ тон, во видеото потоа гледаме како со користењето на технологијата за мапирање на лице, Dove буквално ги става токсичните совети на некои инфлуенсери „во устата“ на мајките. Шокирани, семејствата гледаат како мајките велат: „Ботоксот е неверојатен, никогаш не си премногу млад за да започнеш“ и „ако твоите заби се нерамни, секогаш можеш да ги средиш со турпија за нокти“.
Идејата е дека на ваков начин, младите девојки и нивните семејства многу посериозно ќе ги сфатат токсични совети за убавина кои се шират на социјалните мрежи и соодветно ќе одговорат преку нивна „детоксификација“.
Новата кампања на Dove се реализира со помош на агенцијата Ogilvy.